October 2, 2022

Длабоки политички офсајди

Своето реинкарнирање го дочека и “ Заспаната убавица “. Реинкарнирање во Александра Македонска. Ама за Скопски пазар. Александра Македонска која без силната војска би тежела 5-6 илјади гласови. Нормално, како неискусен војсководец таа се сврти да фрла копја по нејзината војска која му пружи чист терен за функцијата со која се бави денес. Заборавајќи дека без таа војска во советот на градот ќе биде само еден обичен “политички мртовец “. Драматично полоша маќеа на градот од претходниот очув, Филип Крушовача -|. И кога лидерот на опозицијата вели дека не се чувствувал виновен за грешката направена со поддржувањето на Александра, сепак мислам дека го заборава моментот со отчет кон гласачите. Можеби не е виновен што верувал во одреден концепт, но верувањето во концепт на еден обичен граѓанин и верувањето на еден лидер на партија нема иста тежина. Ставањето во функција на цела една партија, нејзините тела и енергија како и гласачкото тело не може да бидат изедначени на проценка или верување. Не беа глупави луѓето кои посочуваа на Ристо Пенов и Трифун Костовски. Исто така како и оние кои посочуваат на тоа дека моментално трите најважни градови во Македонија ги водат 2 неазвисни градоначалници и еден опозициски градоначалник од Албанскиот политички блок. Скопје, Куманово и Тетово.
Трендот во сите држави во Европа од падот на комунизмот е секоја влада да биде подобра од претходната. Кај нас во Македонија а и на Балканот ако сакате, трндот е секоја наредна влада да биде полоша од претходната. А сега, тоа е случај и со “ мајките и татковците “ на градовите, кои своите “ деца “ ги туркаат во уште потешки и понеизвесни околности за живеење.
Денес го проследив гостувањето на Пендаровски на “ Трилинг”. Кажа работи со кои се согласувам и со кои не се согласувам. Тоа не е ни важно. Во делот на војната и идниот тек на геополитичката позиција на Русија се согласувам комплетно. Се согласувам и за делот со кралицата Елизабета. Ако го гледавте ќе знаете за што зборувам. “Ние сме купи ден продади политика, а тоа го гледаме и преку 30 годишното невложување во енергетските капацитети. Тоа е недостиг на стратешко размислување на сите политички елити кои гледател само да го истераат мандатот без да вложат во такви капитални инвестиции. “ Во поглед и во пресрет на кризата се согласувам и со овие негови зборови. Немањето на стратегија на поранешните влади е доказ за немањето на визија за кризни времиња. А кризи во напата држава владеат уште од 1991 година. Тоа биле политички или економски кризи.
И нема да ја должам оваа колумна. Некогаш многу поважно е да се кажат работите поконцизно и пократко одколку да се влечат на долго и на широко.
Во делот на референдумот. Нема подемократско право од изјаснување на нардодот на референдум. Кога Претседателот вели дека би гласал на референдум со прашање “ Дали сте за ЕУ” а не би гласал на референдум со референдумско прашање формулирано од страна на ВМРО ДПМНЕ покажува дека тој како борец за “ обединување “ прави потези кои не водат до обединување. И тоа е чиста контрадикторност. Не сум правник. Можеби меѓународно ратификуваните договори не може да се понишатат преку пат на референдум но во секој случај може да се изнајде начин за народот да си го каже своето.
И на крај. Многу подобро прашање кое нема толку да и’ штети на нашата интеграција е
„Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“
Од колку “ Дали сте за ЕУ “.
Но како што реков. Правните експерти треба да бидат погласни во тој поглед. За најгласни “ правници “ да не бидат лица како Џафери.

Пишува Леон Стефановски

Ставовите искажани во рубриката Колумнa се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на pelanet.mk. Редакцијата на pelanet.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.