October 2, 2022

Багерот 630/2 во РЕК Битола во прекин заради обилните врнежи

Соопштение од ЕСМ:
Багерот 630/2 кој врши ископ на јаглен на најдолната точка во Рудникот ПЈС Суводол во РЕК Битола од попладнево е во краткотраен прекин заради обилните врнежи од дожд што го зафатија рудникот. Багерот 630/2 е на најниската точка во ПЈС Суводол бидејќи ги ископува последните количини на јаглен во тој дел од рудникот, по што ќе биде преместен на друга локација согласно планот за работа. Водата од собирникот што се наоѓа во непосредна близина на багерот, направен специјално за вакви ситуации, се исцрпува со пумпи и багерската единица за неколку денови ќе биде повторно во функција.
Потенцираме дека багерската единица 630/2 е една од четирите багерски единици кои во моментов работат во ПЈС Суводол на ископ на јаглен. Останатите три единици работат без проблем и ги обезбедуваат потребните количини на јаглен за производство на електрична енергија. Исто така, на депонијата за јаглен во РЕК Битола има сосема доволни количини на јаглен за непречено производсто на струја.
Со оглед на тоа што Република Северна Македонија се наоѓа во енергетска криза, сосема е очекувано вниманието на целата македонска јавност да биде свртено кон производствените капацитети на АД ЕСМ заради што и во иднина ќе известуваме тековно за сите состојби.

Leave a Reply

Your email address will not be published.