December 5, 2022

Повикан на рзговор за пронајден пиштол и 10 санкционирани возачи под дејство на алкохол

На 24.09.2022 во полициска станица при СВР Битола е повикан на службен разговор Ј.Н.(27) од с.Мусинци, битолско, затоа што во 17.40 часот на раскрсницата на ул.„Наум Наумовски Борче” со ул.„Прилепска”, од страна на полициски службеници од СВР Битола кај него бил пронајден пиштол, рамка за пиштол и 13 куршуми. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на изминатата вечер (24/25.09.2022), во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на територијата на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 10 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 18 останати прекршоци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *