December 5, 2022

Педесетгодишник од Битола допирал малолетник во неговиот дом

Бурен неделен ден во Битола на 25.09.2022, полициските службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Ј.(50) од Битола затоа што претходно во неговиот дом допирал по телото малолетник од Битола и го принудил и тој него да го допира. Против лицето е поднесена кривична пријава.
ИСтиот ден се пријавени и две каснувања од кучиањ скитници и тоа Ј.В.(45) била касната на ул.„Илинденска“ во Битола била касната од куче скитник, а Е.Ј.(30) од Битола пријавила каснување на ул.„Широк Сокак“.

Во текот на вчерашниот ден (25.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкионирани се 20 возачи од кои 16 ја пречекориле брзината во населено место и 4 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *