April 18, 2024

Приведен крадец на трактор

На 26.09.2022 во 20.55 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Прилеп, на излезот од с.Ропотово, полициски службеници од СВР Битола-Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Н.Н.(38) од Прилеп. Тој бил затекнат како управува трактор, кој во 09.40 часот во с.Мусинци, општина Могила, го одзел од Љ.М.(51) од с.Мусинци.
Тракторот му бил одземен и вратен на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајо, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


1025