March 28, 2024

18 МИЛИОНИ ЕВРА ОТИ НА СКОПЈАНИ ИМ СТУДИ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ НА БИТОЛЧАНИ

ФБ објава на екс-советникот во Советот на Општина Битола, Иванчо Тошевски:

Оваа грејна сезона, 18 милиони евра од буџетот, пари прибрани од сите граѓани на Македонија, со одлука на влада, ќе одат за греење на граѓаните на град Скопје. Никогаш не се случило, освен ланската грејна сезона, и сега втор пат, скопјани да бидат повластени во однос на граѓаните од остатокот на државата, во делот на трошоците околу греењето. Доста е!

Иако РЕК Битола е стожерот на електроенергетскиот сектор во државата, иако населението во овој регион важи за најдисциплинирано при подмирување на сите давачки т.е. по глава на жител, државата по основ на даночни и неданочни приходи најмногу добива од овој регион, сепак, на крајот, сите ние само немо набљудуваме. Да, и најважното од сè, Битола го плаќа најскапиот данок на државата како регион со најмногу заболени од карцином.
Затоа Скопје има микроклима, и во лето, и во зима.

P.S. Ќе Ве молам, воздржете се од осуди кон една или друга политичка опција. Ајде вината да ја побараме во сите нас, битолчани, кои повторно остануваме неми набљудувачи на ваквите одлуки.

Ставовите искажани во рубриката „Личен став“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на pelanet.mk. Редакцијата на pelanet.mk се оградува од ставовите во објавените текстови, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.


1035