December 5, 2022

Ослободителна пресуда за учесниците во прославата на Богојавление

Конечно се одржа завршното рочиште во Судот во Битола, каде беа обвинети Отец Стеван и уште неколку верници кој го славеа празникот Богојавление(Водици) во 2021 година во црквата Св.Недела.
Пресудена е ослободителна пресуда за сите обвинети.

Ви го пренесуваме постот на фб страницата ’Поддршка за Отецот Стеван и за верниците од св.Недела’ :

Денес на овај Свет ден, победија:
Верата во Бога преку нашиот спасител Исус Христос ,
Љубовта во ближниот изразена преку поддршката и помагањето,
Надежта во духовна преродба,преку покајание, пост и молитва и што е најважно сите браќа-учесници и Отецот без да подклекнат ни во еден момент не се каат што го сторија истото дело, за прогонителите казливо дело, а за нас спасоносно и Богоугодно и дека во иднина доколку државаната власт преку Црковно послушание го стори истото и го забрани Спуштањето на Светиот крст и верскиот Богојавленски обред,дека истот дело ќе се повтори и нема да се дозволи една шака на глобални лидери да си поигруваат со нашите свети чуства кон нашето свето ПРАВОСЛАВИЕ и нашите вековни верски празнични обреди.
Правната битка е добиена!
Државата т.е Судот ги ОСЛОБОДУВА од казнените налози сите учесници,воедно и прогонот запира тука на ова последно и крајно судско рочиште.

Благодарност до двата адвокати Рутевски и Ѓорѓиев кој без надохнада никаква ги застапуваа браќата и Отецот низ цел овај судски процес.

Благодарност до сите помагатели по пат на средства,по пат на морална поддршка и останато кој беа со браќата и Отецот цело време.

Браќата и Отецот на Судивката и Обвинителката во знак на благодарност, милосрдие и помирување му врачија Богојавленски икони, за сеќавање и утврдување во верата.

Прогонителите изразени преку полициските службеници кој ги земаа податоците на нашите браќа на денот кога се служеше веркиот обред Богојавление-Водици 2021 ц. Храм св. Недела, најдобронамерно советуваме да се покајат дека не излажаа кога ги земаа податоците а притоа уверуваа дека нема да им бидат врачени казнени налози на учесниците и Отецот.

Кога веќе се помина и заврши и кога видовме дека помирувањето т.е разумноста проработи или со еден збор љубовта победи, зошто истото да не проработи и кај нашата Света Црковна власт, да и тие како и Државната власт донесат помирување,милосрдие и љубов да сите заеднички понатаму победуваме пред сите други искушенија и вакви ограничувања насочени кон нашето Свето Православие.

На многаја лета браќа и сестри, да бидеме заедница оти Бога ја сака заедницата та преку таа заедница сите со своите мани и доблести зааднички да се утврдуваме во Верата Христова!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *