June 6, 2023

„Пиксел груп“: бараме извинување од ВМРО-ДПМНЕ

„Во време на светска енергетска криза кога на нашата Македонија, но и на целиот свет, му е насушно потребен секој произведен мегават електрична енергија, сметаме дека е под секое ниво, името на нашата компанија, како и на нашата компанија-мајка „КМГ ЕОЛ Квазар“, да се злоупотребуваат во дневни полички препукувања и безначајни прес-конференции, кажувајќи единствено лаги и класични манипулации за да се замајува јавноста“- соопштува компанијата „Пиксел груп“.„Затоа, најостро го осудуваме секој обид за дискредитација и нашата групација да се доведе во корелација со било каква политичка структура. Во реакцијата испратена до медиуите се вели дека премиерот Ковачевски истапил од сопственичката структура на компанијата кога бил назначен за заменик министер за финасии, во 2020 година. „Затоа уште еднаш потенцираме дека е за секаква осуда нашите компании да бидат жртва на нечии потреби за дневен политички рејтинг и бараме да не се користи името и на „Пиксел груп“ и на „КМГ ЕОЛ Квазар“ за политички маркетинг“, се наведува во соопштението. До крајот се посочува дел од годишниот фиансиски извештај за работата на оваа високотехнлошка компанија. Рекацијата следува откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков продолжи со облоденување на сите тендерски зделки што компанијата ги освоила во текот на годините ког премиерот Ковачевски беше заменик министер за финансии во владата на Зоран Заев и сега кога е премир. Аферата ја нарекоа „Броило“.


1020