Завршија изборите во БиХ
Босна и Херцеговина ги пребројува гласачките ливчиња од последните општи избори кои се одржаа вчера, а на кои 7.250 луѓе се кандидираа за некоја од многубројните функции.
Според прелиминарните резултати на босанската Централна изборна комисија по обработени 82 % избирачки места, кандидатот на Социјалдемократската партија Денис Беќировиќ од бошњачкиот народ , Жељко Комшиќ од Демократски фронт од Федерацијата Бих како претставник на хрватскиот народ и Жељка Цвијановиќ од партијата Сојуз на независни демократи на српскиот народ се новите членови на Претседателството на БиХ. Во Република Српска пак повторо довербата на граѓаните ја освојува Милорад Додик од Сојуз на независни социјалдемократи , досега имал 30.000 гласови повеќе од Јелена Тривиќ, кандидатка на опозициската Партија за демократски промени.
Според информациите , 50 отсто од гласачкото тело излегло на овогодишните избори каде сепак имало бројни неправилности , а во територијата Брчко изборите и биле прекинати.
Политичкиот систем во Босна и Херцеговина е сложен. Има два ентитети – Федерација на БиХ и Република Српска, три народи – Бошњаци, Хрвати и Срби кои засебно гласаат за еден од тројцата членови на ротирачкото Претседателство на БиХ, 57 делегати за т.н Парламентарно собрание што функционира на ниво на целата земја. Ова собрание има два дома, Претставнички дом со 42 члена од кои 28 одат во Федералното собрание, и, Дом на народите од кои 15 се бираат во ентитетските парламенти. Овие формираат Собрание и Совет на министри, што всушност е владата на БиХ, со 9 министерства и министри кои бираат еден претседавач.Трите народи пак поделени на 10 кантони гласаат и за претставници во кантонските парламенти што истовремено претствува трка за уште 10 премиери и 95 министри. Република Српска гласа за претседател и подпретседател и за Народно собрание кое има 83 пратеници. Од 2000 година посебна територијална единица е и Брчко поделено меѓу РС и Федерацијата, кадешто исто така се бира засебна законодавна и извршна власт.
Според Централната изборна комисија на Бих информираа дека на гласачите ќе им бидат дадени 4 избирачки ливчиња, на кои вкупно се наоѓаат 127 политички субјекти-72 политички партии, 38 коалиции, 17 независни кандидати односно вкупо 7.257 лица кои се кандидираа за некоја од функциите. Конечните резултати се очекува да бидат соопштени до крајот на неделата.
Фотографија : песна на една од кандидатките објавена на Фејсбук во рамки на предизборната кампања