По неколкудневни медиумски препукувања, интересот на граѓаните за преживување на претстојната зима сепак превлада, па денеска попладне во зградата на владата на Македонија се одржува средба на премиерот со лидерот на опозицијата. Темата е справување на државата со актуелната енергетска криза.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ веќе го презентираше планот на партискиот економски тим составен од врвни експерти, а и самиот тој доаѓа од енергетскиот сектор. „Цениме дека во овие тешки моменти потребно е да помогнеме на граѓаните и на Македонија и тоа е момент кога треба да покажеме државност, а не да собираме политички поени“ – изјави Мицковски непосредно пред почетокот на средбата.

 Концептот на Мицковски се темели на производство, а не увоз на струја. „ И јас велам ајде ТЕЦ Неготино тоа што го произведува да им го дадеме на бизнисот, ако работат двете турбини тоа се од прилика 160 до 180 мегавати. Да обезбедиме ресурси, бидејќи ТЕЦ Неготино работи на мазут, а  државата купува скап мазут односно по регулирана цена, ајде да се обидеме да најдеме евтин ресурс за да работи ТЕЦ Неготино кој што ќе произведува поевтина струја која што ќе му ја дадеме на бизнисот, за бизнисот да ги задржи работниците за да не се губат работни места, затоа што ако затвори бизнисот тогаш не може да отвори, тие работници кои што се квалификувани ќе заминат надвор од Македонија или пак ќе ги преземе некој друг и тие компании тешко потоа ќе се рестартираат“, коментираше тој во телевизиска емисија за телевизија 24. „Моите контакти дадоа индикативна цена која што е многу поевтина од таа која што во моментот ја набавува државата, објасни претседателот Мицкоски и додавајќи „Тој ресурс енергетски кој што ќе го користи ТЕЦ Неготино плус  тулингот или факторингот, преработката на мазут за да произведе електрична енергија според нашите пресметки ќе резултира со цена на електричната енергија на струјата, ако работи со две турбини не повеќе со 150 евра за мегават час, ако работи со една турбина не повеќе од 195 мегават час.“

Поради нестабилниот слободен пазар кадешто бизнисот набавува струја  и неизвесноста со цената на струјата  македонскиот преработувач на фероникел Еуроникел ( поранешен ФЕНИ) прекина со работа, „Макстил“ работи со 20%, а рудникот „Бучим Боров дол“ не работи веќе еден месец.  Според проценките на кои се повикува Мицковски, 670 илјади лица работат во стопанството кое веќе 2,5 години се соочува со финансиски недостаток. Засега околу 2.000 работници ќе земаат 70% од својата плата и нема да одат на работа.

Од почетокот на прогласувањето енергетска криза во светот досега македонската влада направи проценки и под влијание на јавноста дел од образовните институции приклучи на регулираниот пазар, со индустријата и граѓаните, и грантира дека ќе работат трите блока во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј, ТЦ Неготино и хидропотенцијалот  од што дури пресметува и вишок струја од 40 мегавати.

Фото : vecer.press , vmro-dpmne, sdsm


1050

Задолжително