Примарк ќе ги врати женските соблекувални

Примарк, меѓународна компанија за продажба на облека со седиште во Даблин,Ирска објави дека повторно ќе ги воведе само женските соблекувални, пренесува ББЦ.

Соблекувални во продавиците за облека се вообичаен мали простории во кои луѓето приватно пробуваат одредени парчиња облека. Се соблекуваат , па облекуваат, па пак и пак…И , најчесто сите се согласни со делумната безбедност којашто ја имаат, затоа што соблекувалние често имаат завеси кои штитат од очите на љубопитните.  Трендот кај компаниите со ланец продавници низ целиот свет во насока кон привлекување на купувачи од сите родови ги претстави и унисекс соблекувалните . Ставот на купувачите е поделен. Ги има такви кои сметаат дека е неважно дали мажи и жени и деца во истовреме ќе пробуваат облека затоа што има различни кабини. Но има и такви кои сметаат дека сите три рода и половите мора да бидат одделени. Дискусијата повторно се разбранува откако купувачка во Примарк на Тик-Ток објави видео кадешто го пренесува свото непријатно доживеано искуство кога двајца мажи влегле во нејзината кабина, едниот проубвал облека а другиот му давал совети. Ова е прашање на безбедност, а не родова ( не)  еднаквост сметаат поддржувачите на унисекс соблекувалните. Тоа сепак не го поколеба менаџментот на Примарк веднаш да соопшти дека пак ќе создадат машки, женски, детски и унисекс соблекувални.


1219

Задолжително

Verified by MonsterInsights