Непристрасноста како начело на кривичната постапка
Вечерва во КИЦ – Офицерски дом ќе се одржи промоција на „Непристрасноста како начело на кривичната постапка“ , најновиот стручен труд на битолскиот адвока Д-р Никола Главинче. Публикацијата сочинува дел од неговите истражувања за состојбата во македонскиот правосуден систем во однос на независноста на судовите и одговорноста на сите чинители во обезбедувањето право и правда за граѓаните. Трудот се објавува со поддршка на Ротари клубот од Битола, Друштвото на наука и уметност и Адвокатската заедница на Битола. Промоцијата започнува во 19.00ч.