April 19, 2024

„Интерфест“ вечерва – „Демони“ на НТБ

 31 интернационален фестивал на класична музика „Интерфест“ и годинава е со широка културна понуда од сите уметности. Вечерва на програмата е претставата „Демони“ од Ларс Норен во изведба на битолскиот театар што својата премиера ја имаше на почетокот на ова година.  Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров се носители на главните рољи, а режисерски потписник е Васил Христов. Претставата започнува во 20.00ч, а информации за влезници и повеќе за програмата на „Интерфест“ може да се добијат во сите културни институции во градот .

Фотограф: Ивона Кочов

Традиционално „Интерфест“ ги промовира сите расположиви институционални простори за своите гости, учесници на фестивалот.  Милица Шперовиќ Рибарски на отворањето на овогодишиот фестивал спомена дека подготовката на фестивалот веќе 3та деценија како императив ја има инспирацијата на публиката којашто „секогаш не дочекува со ентузијазам, радост и аплаузи“.

Фестивалот ќе трае до в среда 12 октомри,  а публиката треба да ги преслуша пијано концертите на Кристијан Солдан од Германија ( вторник, 11.10, офицерски), Хусеин Сермет од Турција (понеделник, 10.10, офицерски) , концертот за гитара и пијано со италијансите уметници Лапо Ванучи и Лука Ториџијани(сабота, 08.10, офицерски) и концертот за виолина, виола и пијано на македонските ( битолски) уметници Игор МИлевски, Владимир Димовски и Татјана Божиновска.  Посебно внимание градот домаќин посветува на поетската вечер посветена на поезија од Славко јаневски којашто ќе ја чита актерот Петар Мирчевски (понеделник 10.10.офицерски) и на концертот на камерниот оркестар на Битола кои ќе изведуваат дела на Моцарт придружувајќи ги Рафаеле Дангело и Марија Рита Панела,пијанисти од Италија, со што ќе биде затворено 31 издание на овој реномиран фестивал.


1040