April 19, 2024

Јајца за бугарскиот фашистички цар Борис Трети

Со навреди, врева, неколку исфрлени јајца и камења  и  засилено полициско присуство, членови на здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ и стотици граѓани кои се одзваа на повикот за протест, денеска во Охрид се отвори вториот бугарски клуб во Македонија.

Отворањето на овој клуб во Македонија се доживува како продолжување на антимакедонска пропаганда од сегашните бугарски  а европски политичари.  За мнозинството македонски граѓани претставува национална провокација, особено затоа што избраното име евоцира спомени од трагичната колективна меморија на Македонците, насилствата од бугарските фашисти и депортацијата на повеќе од 7.000 Евреи македонски граѓани во концентрациониот логор Треблинка.

„Ова што се случува е силување на македонскиот народ, неговото антифашистичко минато преку наметнување на вредности на Третиот рајх затскриени преку злоупотребата на европската ѕвезда. Ова не се европски вредности, изјави во Охрид пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи на протестот против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“.

Партијата „Левица“ ги повика граѓаните на протест, а најголемата опозициска партија ВМРО-ДМНЕ ја поддржа оваа иниијатива. „ Сплотени против империјализмот и антимакедонизмот, да го искажеме народниот револт. Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата!“ –велат во повикот на протест од „Левица“.


1019