Што е рак ?
Октомври е месец во кој светот се сврнува на проблемот со т.н. ракови болести, особено ракот на дојка. Пеланет се вклучува во кампањата, којашто во Битола ја „донесоа“ две млади девојки Викторија Брдаровска и Тамара Илиевска.
Зборот

Рак во медицината е збор кој широко дефинира класа на болести кои се карактеризираат со ненормален раст на ненормални клетки кои растат и ги напаѓаат здравите клетки во телото. Ракот на дојка започнува во клетките на дојките како група на клетки кои потоа го напаѓаат околните клетки (ткиво) или се шират во други делови од телото ( метастазираат).

Што предизвикува развој на рак?
Ракот започнува во основните клетки на сите ткива, вклучително и на дојката. Понекогаш растот оди испревртено, се формираат клетки кога на телото не му требаат или пак, старите или оштетени клетки не се „исклучуваат“. Кога тоа ќе се случи, насобраните клетки стануваат маса на ткиво , грутка односно тумор.
Ракот на дојката се јавува кога се развиваат малигни тумори во дојката. Овие клетки може да се шират со отцепување од оригиналниот тумор и навлегување во крвните садови или лимфните садови, кои се разгрануваат во ткивата низ телото. Кога клетките на ракот патуваат во други делови од телото и почнуваат да ги оштетуваат другите ткива и органи, процесот се нарекува метастаза.

Што е причината за рак?
Нема егзактна причина за било кој рак. Нема доктор кој може да објасне зошто кај едни се појавува, а кај други не. Најчестот објаснување е во основа објаснување за промените кои се случуваат на клеточно ниво – промена во распоредот на генетските кодови на клетките кои започнуваат да растат.

Познати фактори на ризик !
Како и за другите болести на денешницата, нередовен живот, изложеност на алкохол и никотин на клетките, семејна историја на рак на дојка. Ама Имањето на факор на ризик не значи дека ракот на дојка ќе се развие. Но, се верува, затоа и се предупредува дека лицата со одредени фактори на ризик(особено ако сите овие се спојат) имаат поголема веројатност од другите да развојат рак на дојка.

Машки рак на дојка
Активизмот за свесност за ракот на дојка не ги вклучува само жените. Сите луѓе имаат ткиво на дојка, само што мажите не развиваат жлезди кои произведуваат млеко. Но, сепак може да развијат рак. Американската статистика споделена во светот говори дека 1% од сите случаи на рак на дојка се развиваат кај мажи, а само на еден од илјада мажи некогаш ќе му биде дијагностициран рак на дојка. И за жал, смртноста е поголема.