June 2, 2023

Бевме на саемот за храна „Вкусот на Буково“

dav

Две девојчиња во народна носија со леб и…..буковска пипер, за добредојде.

dav

Сувомеснати призводи од Гостивар, Јувки и кори од битолска Делиција, пиво од пиварница Бакревски, Буковска пипер од едната страна, влезната десна. Лутите сосови на Драгица и Верица,  виното Пандо на семејството Ѓоргиевски , природна органска козметика на Стевија и Сезар од Турција охридски зет од другата, левата страна непосредно пред зидот на домот на културата. Во средишниот дел маси и клупи, а на крај трпеза. 4 часа сите овие на посетителите им ги нудеа производите, најпрвин за дегустација, а потоа и како идеја за денешиот и сите идни ручеци во нивните домови .

И тие што доаѓаа од панаѓурот во Аминдео поминаа во Буково, на трпеза и да го почувствуват вкусот на пиперката од старото семе. И жители од македонско-грчкиот пограничен регион и битолчани се посетители на гастрономската манифестација „Вкусот на Буково“  кадешто се промовира пиперката изникната од старо семе и традиционалниот македонски зачин изработен на традиционален начин.

„Вкусот на Буково “ започна како завршен настан во еден од проектите за зачувување на локалното семе што Слоу Фуд од Битола го реализираше со Президиум Буково – здружение на производителите на буковска пипер . Им се допадна на луѓето и продолжи да се реализира. – вели Елена Каровска Гошевска од Слоу Фуд Битола,Македонија како гранка на интернационалната организација со исто име. Слоу Фуд работи на поддршка на траиционална сезонска локална храна, а низ проекти  волонтерски активности во Буково се стигна до заштитата на буковската пипер како македонски производ. Николче Николовски од Президиум Буково ги информираше присутните дека се изготвува елаборат за зачинот, што треба да биде доставен во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од каде се очекува заштитната ознака за македонски гастрономски бренд. Буковската пипер стана европски и бренд за оригинална храна во 2014 година, а со добивањето и на потврдата според македонските закои процесот ќе биде завршен .

Ова е очекувана и позитивна информација за Даниела Мандревска.

Станала производител на буковска пипер пред неполни 5 години иако во нејзиното семејство со години се одгледувала пиперка. И како и многумина од регионот го имале производот, го продавале на зелените пазари. Но, вистинскиот ентуијазам и нaдеж за производство кое ќе придонесе во домашниот буџет започнал со проектот на двете организации кои најпрвин го променија начинот на размислување на семејството, а потоа и ги научија буковци на одредени производствени и маркетиншки стандарди. Денес Даниела е задоволна од продажбата на својот производ , не само на зелените пазари, туку и во одредени продавници за храна и на саемите и светските настани на кои ги испраќа со помош на Слоу Фуд.

„Ставивме теглички и картонски кутии за амбалажа, ги направивме производите повидливи, вели Каровска Гошевска, објаснувајќи дека германска продукциска куќа направила и документарен филм за буковските производители на пипер, а потоа во Буково со свои камеперски возила се појавиле десетина групи туристи од Германија, Франција и Холандија .

И токму тоа е старо-новиот предизвик на сите поврзани со оваа манифестација – Буково, преку петставувањето и производството на македонски традиционален производ да се најде високо на туристичката понуда од Македонија. Пред корона пандемијата имале искуство со охридски центар за туризам кој нуди автентички искуства за туристите. Сега сите треба малку да се помрднат, и општината и министерствата и бизнисот затоа што во Буково многумина започнале да размислуваат и преземаат чекори за изградба на капацитети за сместување на туристи.  

Се надеваме дека Драгица и Верица нема да се налутат што не ги пробавме нивните лути сосови. Ќе се видиме следната година.

Фото:  А.Д


1024