Светски ден за заштита на менталното здравје

Светскиот ден за заштита на менталното здравје 10 октомври годинава носи поразителни информации од кои се заклучува дека жителите на Земјата се во стрес, анксиозност и депресија. Причините за тоа најмногу се лоцираат во пандемијата на Ковид -19, но и на секојдневните предизвци во динамичниот свет во последните месеци зајакнати со војната во Украина и енергетско-економската криза.

Само во првата година од пандемијата порастот на анксиозноста и на депресивните растројства е зголемен за повеќе од 25 проценти, а во исто време, услугите за ментално здравје се сериозно нарушени и јазот во третманите за состојбите со ментално здравје е зголемен, се вели во анализата на Светската здравствена организација . Затоа годинава СЗО организира кампања на темата „Да го направиме менталното здравје глобален приоритет за сите“ порачувајќи дека е потребен свет во кој ќе се цени, промовира и заштитува менталното здравје и каде секој ќе има еднаква можност и пристап до потребната грижа и стручна помош за менталното здравје. Во светот, околу 12 милијарди работни денови се губат секоја година поради депресија и анксиозност, што чини речиси 1 трилион долари, покажа извештајот на Светската здравствена организација и Меѓународната организација на трудот објавен минатиот месец. Организацијата за економска соработка и развој пресмета дека во европските земји, економските трошоци за ментално лошо здравје може да надминат 4 отсто од бруто домашниот производ

Во Македонија има тенденција да се верува дека економските последици се поразорни отколку во другите европски земји. Најпрвин заради се поголемиот број на лица кои побарале помош од психолог, психотерапевт или психијатар, а потоа и поради честите проверки на  медицинската статистика за користењето на антидепресиви или средства за смирување. Наслови кои најавуваат дека половина нација е на Дијазепам , а другата половина пие алкохол, само се потврда дека нешто со менталното здравје на нацијата не е во најдобар ред.

Панамериканската организација од СЗО (од каде ја позајмуваме насловната фотографија) советува здраво хранење, секојдневни прошетки со свои блиски, 8 часовно спиење, разговор со блиските за сопствените чувства и консултирање на стручна помош.


1103

Задолжително

Verified by MonsterInsights