April 19, 2024

Анатомијата на меланхолијата

„Анатомија на меланхолијата, што е тоа: со сите видови, причини, симптоми, прогнози и неколку лекови за неа“ е целосното име на книгата која пред 401 година (во 1621 г) ја напишал англискиот писател и член на Универзитетот во Оксфорт Роберт Бартон. Тоа е особено долга книга, првото издание  имло 900 страници, а следните изданија биле уште подолги. Ама, се смета дека тоа е една од првите книги за самопомош.

Книгата била претставена како медицински учебник на темата меланхолија ( тоа што денеска се дефинира како клиничка депресија). Меланхолијата е состојба која оди и доаѓа при секоја мала прилика на тага, потреба, болест, невоља, страв, тага, страст, каков било начин на грижа, незадоволство или мисла, нешто што предизвикува болка, досада, тежина, вознемиреност на духот…и од овие меланхолчни склоности ниту еден човек што живее не е слободен, ниту стоик,ниту еден мудар, ниту еден среѓен, трпелив , побожен или божествен…предизвикувајќи напнатост во нас или несакање – сметал Бартон. И, во книгата предложил начини за самопомош, кои денес прераснаа во науки:

  1. Следете го своето расположение и забележете ги обрасците и шаблоните вели Бартон. Можеби промените во расположението не се случајни како што мислите. Денес ова се нарекува самосвест.
  2. Пливајте во слатководни реки и студена вода. Можеби малку контраинтуитивно, но ако влезете во студена вода можеби ќе бидете восхитени. Денес, оваа техника на зајакнување на духот и телото многу се користи.
  3. Бидете во близок контакт со природата, растенијата и птиците. Одгледувајте цвеќиња, бидете свој градинар вели Бартон. Прошетки во природа денес се првиот совет од сите лекари, без исклучок.
  4. Бидете во контакт со пријатели чии шеги и веселост ќе ве радуваат. Најлесно е чувството на мизерност да го пренесеме на друг, не само да го задржуваме во сопствените гради, вели Бартон. Психијатријата денес знае дека интроспекцијата и самоизолацијата се дел од клиничката депресија.
  5. Не бидете безработни ама не треба ниту да се преработувате, вели Бартон. Денес главниот совет на психотерапевтите е да се направи рамнотежата меѓу работата и семејството, животот надвор од работното место.

Историјата го вбрoјува  учебников како оригинално книжевно дело колку што е и научен и филозовски текст и, енциклопедиски труд – Роберт Бартон  изнапишал се што сметал дека треба за да се објасне темата, од начин на варење на храната, преку гоблини и митски суштества до географија на Америка, се познато и достапно во 17 век.


1025