March 29, 2024

Дилери на дрога лишени од слобода

На 14.10.2022 во 21.50 час на ул„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г.С.(22), А.М.(24) и А.П.(21), сите од Прилеп. При претрес во возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Г.С., а сопатници биле А.М. и А.П., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.10.2022 во 19.00 часот од ул„Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.Ј.(40) од Скопје. при преглед во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.10.2022 во 17.30 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.К.(21) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок


1020