June 6, 2023

Еурофарм Пелистер се засили со дански ракометар кој сезоната ја започна во ист тим со Микел Хансен

Управата на Еурофарм Пелистер донесе уште едно квалитетно засилување пред стартот на настапите во Лигата на Европа, битолчани се засилија со данскиот ракометар Себастијан Хенеберг.

Хенеберг потпиша договор до крајот на сезоната и веќе ѝ се приклучи на екипата. Тој во Битола доаѓа од редовите на данскиот првак Алборг и игра на позициите лев и среден бек.

Хенеберг блесна во Силкеборг и Архус и во сезоната 2019/20 потпиша за норвешкиот првак Елверум. По една сезона во овој клуб и сите освоени трофеи, потпиша за Алборг, од каде што доаѓа во Битола.

Неговото деби се очекува следната недела на натпреварот против Пролет од седмото коло на групата Б на Суперлигата.


1005