Промоција на новата книга на Вера Стојчевска Антиќ

Утревечер ( петок 21.октомври) во КИЦ- кино „Манаки“ ќе се одржи културно-научен собир „Битола мојот роден град “ и ќе се реализира промоцијата на најновата книга на Вера Стојчевска Антиќ „Врвиците на зборот“. Промотр е прф.Д-р Катерина Петровска Кузмановска од Институт за фолклор „Марко Цепенков“.

Книгата ја објави издавачката куќа „Панили“. Авторката се осврнува на својот младешки живот во Битола и на работата на ракописното наследство во Охрид.„ Вера Стојчевска Антиќ е една од најплодните македонски автори чија област на истражување е средновековната македонска книжевност. Истовремено припаѓа на најголемите македонски лингвистичари кои своите истражувања ги промовира низ светот. По нејзините книги посветени на животот и делото на Блаже Конески „Мојот професор пророк“ и  „Вековит светилник“ посветен на монашкиот живот во Бигорски манастир и Рајчица, Стојчевска Антиќ го сврте својот фокус кон родниот град Битола.  Поради своето огромо научно, истражувачко и општествено дело Вера Стојчевска Антиќ е ностител на бројни национални награди, а во 2014 година ја доби и наградата „4-ти Ноември за животно дело“.“ – вели организаторот на промоцијата Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ .


1123

Задолжително

Verified by MonsterInsights