Борис Џонсон се повлекол од трката за претседател партијата и премиер
Поранешниот премиер Борис Џонсон се повлече од трката за лидерство на Ториевците, велејќи дека ја има потребната поддршка за да застане, но тоа не би било „правилно нешто да се направи“, објавува утринава BBC.
Според веста, Џонсон стигнал до подршка од 102 конзервативни пратеника за да продолжи со официјалната трка во партијата, што би било 2 повеќе од потребните. А според информацијата конечната бројка поддржувачи на кандидат за претседател на Ториевците треба да биде затворена денеска. Поранешниот канцелар и министер за финансии Риши Сунак кој прв влезе во трката до синоќа имал поддршка од 155 пратеника, а Пени Мордан, спикер на Долниот дом на Велика Британија околу 25 . Повлекувајќи се од трката за лидер на конзервативците и премир, Џонсон изјавил „ Не можете ефективно да владеете доколку немате обединета партија во Парламентот.“
Изборот на претседател наконзервативната партија во Велика Биртанија истовремено значи изор на премиер на земјата, трет оваа година.