December 5, 2022

Живот посветен на создавање на 1 филм

Во последните четири децении, рускиот аниматор Јуриј Норштајн и неговата сопруга Франческа Јарбусова работат на еден ист анимиран долгометражен филм. Го анимираат расказот на Николај Гогољ „Шинел“.
Норштајн и Јарбусова се сметаат за најголеми аниматори на сите времиња, не само затоа што сиот свој живот го работат ово ј анимиран филм, туку поради нивниот уникатен стил на работа наречен „хартиени кукли во 3Д“, техника наречена „отсечена анимација“ во која фигурите се цртаат рачно, потоа се сечат и се фотографираат.


Се сретнале во 60-те години од минатиот век, заедно работеле во советското државно студио за анимација „Сојузмултфилм“. Основале семејство и го започнале овој анимиран проект во 1981 година. Советскиот Сојуз се распадна, заврши и Перестројката, светот и Русија комплетно се променија, Русија денес е во нова војна, а двајцата сопружници аниматори морале и да живеат, особено затоа што биле отпуштени од Сојузфилм. Па така проектот се одолговлекува веќе 40 години. Јури Норштајн е режисер, кинематографер и аниматор, а Франческа Јарбусова црта се што е потребно – богатата позадина на секој поединечен кадар и сите ликови, нивните изрази и движења. По 40 години има фиоки полни со ситни цртежи на очи кои изразуваат стотици емоции и раце во секоја замислива поза. Анимираните секвенци потоа се прават рачно, без никаква компјутерска анимација или ефекти. Анимациите на Франческа се поставуваат на бојни стакла во слоеви кои потоа се фотографираат.


„Шинел“ моментално е рекордер во светот по најдолгиот период на продукција за кој било анимиран игран филм во историјата. Бидејќи Норштајн и Јарбусова се во своите 80-ти, тие работат на тоа повеќе од половина од својот живот. Досега има само 25 минути од долгометражниот филм кој би требало да биде 60 минутен. Но, веќе е претставен на неколку филмски фестивали, авторите ја живеат светската слава и својата очигледно опсесивна креативност. Норштајн го добил прекарот „Златниот полжав“, а неговата сопруга Јарбусова вели дека тој е во постојана борба меѓу потребата за завршување на филмот и неговото око за совршенство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *