April 18, 2024

Денеска е светски ден на операта, ама не затоа што Анелина Џоли во филм ќе ја игра Марија Калас туку затоа што на 25 октомври се слави раѓањето на Жорж Бизе и Јохан Штраус младиот, композитори на можеби најпознатите опера (Кармен) и оперета (Лилјакот) во светот.
Светскиот ден на операта е меѓународна иницијатива за прикажување на начините на кои оперските компании позитивно придонесуваат во своите заедници. Годинава по 4 пат Опера Америка, Опера Европа и Опера Латиноамерика ќе ги отворат вратите за публиката којашто ја покануваат по претставите да направат селфи, да го постираат на било која социјална мрежа и да започнат дискусија, било каква, со тема опера. Сите опери на социјалните мрежи и сопствените интернет платформи, претставени на целиот свет во секое време, секако за одреден надоместок кој сосема разбириво ги покрива трошоците на интернетот.
Македонската опера годинава одележува 75 години од своето постоење. Во рамки на Македонскиот Народен Театар (МНТ) оперскиот ансамбл во 1947 година ја изведе својата прва претстава. По 20 години започна фестивалот посветен на операта „Мајски оперски вечери“. Традицијата, искуството, талентот се на страна на операта ( сега НОБ), а сепак македонските оперски претстави ги нема на интернет, ретко се наоѓаат и на Youtube, нема сопствена платформа за оперите, па ниту инсерти како сопствена реклама.
Оттука, дали Македонската опера го избегнува современиот начин на сопствено претставување во светот?


Едни веруваат дека македонската опера ја нема на интернет поради сложениот организациски ситем и финансирање на претставите за кои се очекуваат државни пари. Следствено, од министерството за култура би очекувале пари за проект за кој деновиве и годиниве тешко се докажува национален интерес.
Други пак веруваат дека нашите уметници стравуваат од оценката на светот, од разни причини – или уметниците не се мотивирани, или не се дораснати на својата задача, или едноставно режисерите заборавиле да дадат своја оригиналност во претставите. Во секој случај компетитивноста на државно финасираните не им е интересна.
Има и трети, кои сметаат дека публиката е единствениот мотивирачки момент за кој уметниците во операта живеат, ама публиката ја нема затоа што тоа се луѓе од сите возрасти кои најпрвин треба да го наполнат стомакот, а потоа главата со опера…
Светскиот ден на опера ќе се одбележи и без МОБ ( НОБ ) , ако сте на претстава направете селфи и постирајте на #worldoperaday и следете што прави светот. Може и да напишете дека првата македонска опера „Гоце“ Кирил Македонски ја компонирал на клавир во една кафеана во Битола или дека со неговата „Цар Самоил“ било отворено првото издание на Мајски Оперски вечери.


1017