June 6, 2023

Васко Ковачевски договара со потрошувачи , разговара со амбасадори

Околу 4000 од 65.000 потрошувачи на топлинската енергија од ЕСМ досега иаат потпишано договори за своето парно греење. Ова е последната информација од ЕСМ која од почетокот на грејната сезона ја интензивира комуникацијата со граѓаните и јавноста.
Засега на потрошувачите им е понуден електронски пат до документот со кој ќе го официјализираат прекинувањето од досегашниот добавувач БЕГ . Потребно е потрошувачите да кликнат на дадениот лик и да го симнат договорот, да го испечатат во два примерока, да ги пополнат и да ги предадат во еден од наплатните пункта во Скопје, кадешто единствено во Македонија има централно греење. Договорот, стои натаму во соопштението на ЕСМ треба а го поднесе личо потрошувачот на чие име се води сопственоста на станбениот простор во објектот. Доколку била настаната статусна промена на сопственост ( купопродажба, решение за наследување и слично) новиот сопственик треба да го приложи на увид документот со кој се покажува промената односно документ со кој се докажува сопственоста ( имотен лист, купопродажен договор или решение за наследување). По заверувањето на договорите, ЕСМ на потрошувачите ќе им ги врати по пошта. Во следниот период, договорите веројатно ќе бидат испратени и на тој начин, по пошта. Иселениците или било кој што не е во можност лично да ги достави документите, мора да назначи свој полномошник кој ќе го докаже овластувањето.


ЕСМ се наоѓа под огромен притисок од за ненавремено активирање за стабилно снабдување со електрична енергија по поволни цени. Оттука, со скептицизам и продолжена неизвесност се пречекува информацијата дека во текот на едно деноноќие владата воопшто не купила струја, туку струјата за домаќинствата и малите претпријатија комплетно доаѓала од домашно производство.
Во производството на струја во Македонија РЕК Битола ја има најголемата улога, а проблемите со кои се соочува одржувањето, дотраената опрема и капацитетот на наоѓалиштето беа дел од интересот на неколку амбасадори во Македонија.
„Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, присуствуваше на работен ручек, во организација на словачкиот амбасадор во Р. Северна Македонија, Хенрик Маркуш. На средбата присуствуваа и амбасадорите на земјите-членки на Вишеградската група, акредитирани во нашата земја: амбасадорот на Република Унгарија, Андраш Клеин, амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва, амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски. Беа разменети искуства за справувањето со енергетската криза, начините на справување со енергетските и економски предизвици, како и планираните инвестиции, и развојот на енергетскиот сектор. Заеднички е оценето дека сите отворени билатерални прашања треба да се решаваат во европски дух и низ принципите на европските вредности.“-се вели во соопштението на РЕК Битола.


1005