April 16, 2024

Истрага за „Тајни имоти“ или „бомбардирање“ во стилот на Заев

Цела недела партијата ВМРО-ДПМНЕ најавува свои сознанија за прекршок од високи политички назначени а државни функционери од СДСМ и ДУИ кои не ја пријавиле својата имотна состојба за која се претпоставува се стекнале во текот на обавувањето на државничката работа.
Најпрвин со постери го прекрија главниот град најавувајќи ја најновата афера со која се соочува власта на СДСМ, а сега јавно ги повикуваат органите на прогон да го искористат своето законско право да започнат истрага по начелото „допрен глас“ . Во спротивно, во стилот на Заев во 2014 и 2015, секојдневно ќе објавуваат по еден фукционер кој во 5 годишното управување со државата нелегално се стекнал со имот.
„5 години власт на СДС, 123 именувани функционери на државни позиции кријат имот вреден 30 милиони евра. Ги поседуваме сите детали.“- вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Новата афера „Тајни имоти“, е уште еден показател како власта функционира надвор од законите, заштитувајќи ги прекршителите на истите, кои во овој случај се избрани и именувани функционери, а чија обврска е да служат на граѓаните на Македонија. Не веруваме дека се работи за системски пропуст, туку за системско прикривање на станови, куќи, деловни простори, удели во фирми и депозити. “
Според законите, секој именуван или избран функционер треба во рок од 30 дена да ја пријави имотната промена во Државната Комисија за спречување на корупција ( ДКСК). ВМРО-ДПМНЕ тврди дека 123ца од сите лица кои извршуваат некаква државна работа немаат такви пријави , а од ДКСК иако имале сознанија немааат поднесено прекршочни пријави . Преседателката на ДКСК Билјана Ивановска во интервју за ТВ Алсат ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат пријави, за Комисијата да започне постапка.


На обвинувањата за криминал за лична корист со злоупотреба на функцијата и пари од граѓаните со соопштение досега одговорија само од СДСМ.
„Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и незаконски стекнат имот врз грбот на граѓаните.Со судска пресуда за Талир 2 е докажано Белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови. Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна, епска.“- се вели во соопштението на СДСМ кое завршува со прашање за начинот на живот поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој по многубројните обвиненија ја напушти државата и сега живее во Будимпешта.
„ВМРО-ДПМНЕ направи длабинска анализа и ги имаме сите со име и презиме. Во рок од 24 часа ВМРО-ДПМНЕ ќе почне да ги објавува точните податоци со имиња и презимињата ќе постапи, ќе ги истражи сите наводи. “- изјави денеска Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, заклучувајќи „ Очигледно е дека се работи за свесно криење, а само имот стекнат на нечесен и криминален начин се крие.“


1022