April 20, 2024

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ И СВР БИТОЛА СО ЗАЛОЖБА ЗА ТРАЈНО И КООРДИНИРАНО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ЧЕШМАТА КАЈ КИСЕЛА ВОДА

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претставници на СВР Битола, денес, извршија увид во месноста Кисела вода, каде се наоѓа чешмата, која за жал во последните две децении одзеде повеќе животи. Во разговорот со дел од жителите од околните населени места, беше истакнато дека досегашните решенија на поставување челична ограда и табла како предупредувачки знак за опасноста која се заканува, не дале резултат, поради што неопходно е во решавањето на проблемот да се пристапи со вклучување на стручни лица од сите институции надлежни за оваа проблематика.

Иако едукативното и советодавно делување кај населението е доста важно и истото веќе се спроведува, Градоначалникот Коњановски, нагласи дека општината ќе се заложи за што е можно побрза координација со државните институции и извршување на соодветна интервенција која нема да дозволи, несреќите да се повторуваат.


1022