Започна обновата на ‘Копанки’
Од денес 28.10.2022(сабота) благодарение на поддршката од Општина Битола започнаja подготвителните активности за обнова на “Копанки”, кои опфаќаат транспорт на градежни материјали до самиот планинарски дом. Учество зедоа 20-тина членови на ПСК Пелистер и неколкумина други наши сограѓани. Активностите за обнова на “Копанки” продолжуваат и во текот на утрешниот ден, па ова нека биде и повик до сите битолчани кои се желни да помогнат и да дадат свој допринос. Утре 30.10.2022(недела) стартуваме исто како и денес во 08:00 часот од пред Хотел ‘Молика’.
Нека е со аирлија!











