March 1, 2024

Ноќеска започнува зимското сметање на времето

И покрај најавите дека поради заштеда на струја може да се одложи преминот кон зимско сметање на времето, сепак во недела ќе ги поместиме стрелките на часовникот еден час наназад.

Зимското сметање на времето започнува вечерва кога во 03:00 часот стрелките ќе се вратат еден час назад до 2:00 часот.

Иако многумина се среќни што поместувањето на стрелките на часовникот им дава еден час повеќе за одмор, во 2019 година, во една анкета, четири милиони граѓани на Европската унија изјавија дека се за ставање крај на оваа пракса. Во 2018 година, Европскиот парламент расправаше за укинување на летното и зимското сметање на времето, но коронавирусот ги наруши плановите за негово спроведување.


1022