April 16, 2024

Повеќе од 70-тина битолчани во обнова на “Копанки”

Повеќе од 70 – тина битолчани зедоа учество во акцијата за обнова на “Копанки”.

Присутни беа планинари, скиори, други спортисти, љубители на природата, членови од други здруженија на граѓани, Членови на Советот на Општина Битола, битолчани од сите возрасти, од седум до седумдесет и седум години.

Низ работата, повозрасните говореа за едно минато време на “Копанки”. Најинтересно беше сеќавањето на Кире Марков за далечната 1964 година, кога на многу мала возраст со помош на дрвена тезга вршеле дотур на камен од камењарот за доградба на домарските простории.

Активностите се овиваа во дружба, смеа и убава работна атмосфера.


1048