Партијата “ПОДЕМ“ го одржа 4-тиот конгрес

Денеска во Битола, во големата сала на Народниот тестар од Битола, својот 4. по ред конгрес го одржа Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ. На овој конгрес се избраа новите раководни тела на партијата за периодот кој престои, наредните 4 години. На конгресот покрај ракоодните тела на ПОДЕМ и делегатите беа присутни и претставници на коалиционите партнери, а меѓу нив беа и градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски, како и претставници на други политички партии. ПОДЕМ е дел од позицијата во Советот во Општина Битола, како дел од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.Во нивно име пред почетокот на официјалниот дел се обрати градоначалникот на Аеродром и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцински, кој го повтори ставот дека треба да има предвремени парламентарни избори, а тиа заедно со коалиционите партнери, меѓу кои и ПОДЕМ ќе победат на нив.Пред делегатите се изборот за претседател на партијата и членови на Надзорниот и Централниот одбор на ПОДЕМ, зборуваше проф. д-р Живко Јанкуловски, основач и претседател на ПОДЕМ, кој одржа поздравен говор. Јанкуловски во обраќањето истакна дека трите теми на кои во наредниот период партијата ќе биде фокусирана се справувањето со енергетската криза и кризата предизвикана од војната во Украина, како и како што рече потребата од предвремени парламентарни избори во Македонија.


1117

Задолжително

Verified by MonsterInsights