Приватните превозници не почитуваат одлука за бесплатен превоз на пензионери
Советникот во Советот на Општина Битола, Ѓорѓи Ѓорѓиевски, на својот ФБ профил реагираше поради не почитувањето на одлука од страна на приватните превозници со следниот пост :
Одлуката на Советот на Општина Битола за бесплатен превоз за пензионери во деновите вторник и петок НЕ се почитува од страна на приватните превозници, односно самоволно ја скратија само на 2 часа (во вторник и петок) односно од 08:00-10:00 часот, во останатиот дел од денот им наплаќаат билети.
Јавно ги повикувам приватните превозници под итно да ја почитуваат и спроведат Одлуката на Советот и нашите сограѓани пензионери да го добијат своето право.
П.С. Са таа одлука превозниците добија повисока цена на билетите, а пред советниците се обврзаа дека ќе има бесплатен превоз во вторник и петок за пензионери.