Благој Мицевски изложи дел од своите театарски и оперски костими

Светски поочитуваниот и наградуван костимограф Благој Мицевски во битолски Офицерски постави несекојдневна изложба – ги изложува костимите користени во театарски и оперски претстави дизајнирани и во голем дел изработени од него.
„ОпераДрамаБалет“ претставува 15 костими од гардеробата на битолскиот народен театар, дизајнирани и изработени за претстави од Шекспир. Изложбата содржи и фотографии од костими дизјанирани од Благој Мицевски кои се користеле во театарски, оперски и балетски претстави во културните центри на Балканот, како дел од соработката на дизајнерот со странски режисери.

Благој Мицевски 14 пати ја има добиено македонската престижна награда за најдобра костимографија што ја доделува театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Од костимите на Мицевски се забележува неговата страственост кон тоа што го создава, но обликувањето во уметноста го постигнува и со своите неколку режисерски остварувања. Само пред два дена во „Кино Манаки“ премиерно се прикажа краткиот филм „Сонети“ во кој Шекспировите сонети биле инспирација за Мицевски.

Изложбата е поддржана од Општина Битола, а од Културно информативниот центар предлагаат да побрзаме и да ја посетиме изложбата којашто внесува во сосема поинаков свет и друго време. Благој Мицевски е годинешен добитик на наградата „4-ти Ноември“.


1095

Задолжително

Verified by MonsterInsights