Горан Бреговиќ падна од скутер – откажани сите концерти
Фронтменот на Бијело Дугме, Горан Бреговиќ, доживеа несреќа поради која мораше да ги откаже концертите.
Имено, познатиот музичар за време на престојот во Париз паднал од скутерот и тешко го повредил рамото. Раката на Бреговиќ моментално е имобилизирана, поради што беше принуден да ги откаже закажаните концертит во Мексико. Да потсетиме, Бреговиќ имаше слична повреда во 2008 година, кога при берење цреши падна од височина од четири метри и го повреди лумбалниот пршлен.