Анѓела Јакимовска, водителка на ‘‘Бекстејџ‘‘, доби улога во турската серија ‘‘Балкан ниниси‘‘

„Балканскз приказна“ или ‘‘Балкан ниниси‘‘ е турската серија што започна да се снима летово во Скопје и низ Македонија, а снимените епизоди веќе се прикажуваат на турската државна телевизија ТРТ1.

Покрај турските актери во една од епизодите ќе се појави и нашата мисица и до неодамна водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, атрактивната Анѓела Јакимовска. Нашата убавица ќе ја има улогата на Кадин. Шефо кој е еден од водечките ликови во серијата се труди преку песна да ја освои Кадин, па дури снима и видео спот.

Шефо во серијата досега беше вљубен во Ајше, а во видеото ја освојува нашата мисица Анѓела, односно Кадин, па дали станува збор за љубовен триаголник останува да видиме во наредните епизоди.

Интересно е тоа што Анѓела не знае турски јазик, но го учи за потребите на серијата.

-Станува збор за епизодна улога во која јас треба да се најдам во љубовен триаголник. Има проблем околу тоа што треба да зборувам турски, тука не знам како ќе биде, но екипата е многу „ок“ беа ептен позитивни. За време на снимањето ми помогнаа правилно да ги изговарам зборовите на турски. Супер се. Серијата е комедија и како изгледаат улогите, такви се и приватно, вели Анѓела за ваквото актерско искуство за поирталот ММС.мк.

Она што Анѓела ја поврзува со Турција е тоа што одреден период работела во Турција во Бурса, за компанијата Румелисиад, како стипендиран практикант и маркетинг аналитичар.

По пофорсесија Анѓела е дипломиран економист, на департманот електронски бизнис, но уметноста, камерите и модната писта засега се нејзиниот приоритет, а каде ќе ја однесе животниот пат, останува на нејзините амбиции и судбината.


1120

Задолжително

Verified by MonsterInsights