Филмот “Нема да си сама” на Македонец од Австралија е австралиски кандидат за Оскар

Филмот “Нема да си сама” на Македонецот од Австралија, Горан Столевски, е австралиски кандидат за Оскар, во категоријата најдобар странски филм.
Извонредното кинематографско дело на Столевски, чие дејство се одвива во Македонија, во 19 век, е надреалистична приказна со хорор елементи.
Сакав да го доловам живот во Поречието, во Македонија, онаков каков што бил во 19 век, пред тој свет целосно да исчезне.
Централниот лик Невена, којшто минува низ низа надреалистични трансформации на вештерка, сред за неа туѓ и непознат свет, доловува длабока и универзална тема за човечката егзистенција.
Невена е лик што го играат неколку актери од повеќе различни држави, меѓу кои Сара Климоска од Македонија, Елис Енглерт од Австралија и Карлото Кота од Португалија. Филмот е на македонски јазик, поречки дијлект, а делови од дијалогот се на влашки јазик.
