Во Битола се одржа трибина за Св. Праведен Јоаким Крчовски

Двегодишно научно истражување ги доведе монахињите од Манастирот Св. Јован Претеча до нови сознанија за животот и делото на просветителот Јоаким Крчовски, а тие своите сознанија објавени во книга вечерва ги претставија на битолската публика.
Трибината насловена „Св. Праведен Јоаки Крчовски“ ја организираше Унијата на Жени од ВМРО-ДПМНЕ во рамки на својата програма за трибини наменети за широка публика, а со поддршка на Општинскиот Комитет на партијата.
Најновите сознанија за животот и делото на Хаџи Јоаким Даскал(во моментот кога ја печател својата прва книга), претставени на трибината од сестринството на Манастирот, ги побиваат досегашните тврдења за потеклото на Крчовски и годината на неговото раѓање.

Со анализа на мноштво објави , но и стари документи, записи и песни од зборниците на Миладиновци, а поаѓајќи од сингелијата за ракоположувањето на Крчовски во свештенството и свештеничката диплома, сестринството стигна до две нови тези. Најпрвин дека е роден во 1757 година, а не како што досега се толкувало 1750. Доказот за ова се наоѓа во канонските одредби на Православната рква кои велат дека за да се ракополжи свештеник , потребно е лицето да е оженето и да има 30 години. Свештеничката диплома на Јоаким Крчовски била издадена во 1787 година од тогашниот скопски митрополит. Преку консултација со оригинални книги до кои стигна Манастирот од сите страни на Православниот свет, се утврдила и новата теза за животот на светецот – местото на раѓање на Крчовски како село Крчово, блиску до Егејското Море. Така, се утврдува и дека неговото презиме не потекнува од турското име на градот Кичево.

Крчовски своите проповеди и поуки ги говорел, пишувал и печател на народен јазик, во тоа време различен од црковнословенскиот. Оттука, Игумен Серафим неколкупати ја наметна размислата за азбуката на Кирил и Методиј, глаголицата, а изнесе и неколку факти за однесувањето на Климент Охридски и неговите наследници кон јазикот во однос на народниот говор. Апелираше до присутните и верниците да ја знаат глаголицата.
Во Свештеничката Диплома на Св. Праведен Јоаким Крчовски се набројани и сите градови и места кадешто тој можел да работи како свештеник. Во неа се вброени и градови од Грција, некогашна Егејска Макдонија и денешна Бугарија ( Пиринска Македонија) до Кратово и Крива Паланка, денешна Македонија.
Игуменот Серафим и претставничките на сестринството од Манастирот на присутните им ги подарија тропарот и мала икона од новоканонизираниот светец. Имено, со истражувањето и пишувањето за животот на Јоаким Крчовски, сестрите создадоа и акатист и прототипна икона на Крчовски, којашто синоќа за првпат беше претставена надвор од Манастирот.

„Делата на македонскиот светец и првиот македонски просветител кои одиграле значајна улога во верската и морална просвета неопходно е да бидат столб на кој ќе се темели нашето денешно однесување според високите морални вредности.“ – рече пред присутните градоначалникот Д-р Тони Коњановски. Потсетувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е демохристијанска партија и организацијата на вакви настани претставува грижа за зачувувањето на јазикот, верата и идентитетот.
Ова е вистинско време кога треба да се зборува за Св, Праведен Јоаким Крчовски, затоа што сега повторно се сочуваме со битка за Православието. „Слепченскиот манастир до денес претставуа културен центар од времето на Самоиловото владеење и добро е да се каже дека на просторот на Македонија има два книжевни центри од средновековието , едниот е во Кратово, а другиот е Слепченскиот книжевен центар“-рече Пеце Милевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола со чија поддршка се реализираше трибината.


„Можеби најважно е што вечерва слушнавме за условите во кои нашите предци опстојувале ширејќи ја верата, задржувајќи го јазикот, пренесувајќи го на наследниците, за денес, ние да можеме да овде да слушаме за нив и , да го пренесем ова знаење на нашите наследници “- рече Ангелка Диневска, претседател на УЖ ВМРО-ДПМНЕ Битола. Според Диневска, прогласувањето за светец на Јоаким Крчовски е единствениот начин на кој ние можевме и се заблагодаривме за делото на кое го посвети животот.
Крчовски е прогласен за светец на 22 мај оваа година, а денот кога ќе се празнува 23 мај.
Фото: А.Д
