April 18, 2024

АД ЕСМ ЌЕ ПОМОГНЕ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРО-ЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ НА УКРАИНА

Генералниот Директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, оствари средба со амбасадорката на Украина, Лариса Дир и заменик-амбасадорот, Роман Буга.

На средбата се разговараше за тешката состојба во енергетскиот сектор во Украина, како последица на воените дејствија произлезени од конфликтот со Русија, што доведе до тоа 1 милион жители на Киев да живеат без струја и вода, во крајно тешки услови.

Амбасадорката Дир побара помош од страна на АД ЕСМ со цел да се даде придонес во обновување на инфраструктурата за производство на електрична енергија во Украина.

АД ЕСМ ќе вложи напори да им помогне на граѓаните на Украина, искажувајќи грижа не само за нашите граѓани во границите на Р. Северна Македонија, туку и за сите луѓе кои с е соочуваат со предизвици и на кои може да им се помогне.

АД ЕСМ ќе помогне со опрема и делови кои ги има на залиха, а кои во моментот не се неопходни за користење.

Покрај за производството на електрична енергија, од украинската амбасада беше побарана помош и за преносниот систем за електрична енергија, за што ќе треба да помогнат другите субјекти во електро-енергетскиот систем.


1030