April 26, 2024

До 18 ноември 4то ноемвриската изложба на ДЛУБ

Друштвото на ликовни уметници ДЛУБ од Битола ја започна својата годишна изложба, која традиционално е посветена на 4ноемврискиот празник. Годинава 25 битолски ликовни уметници и уште 5 мина нивни гости ги претставуваат своите дела во галеријата на Завод и музеј . Ова е 59та по ред ваква изложба иако од ДЛУБ годинава потсетуваат дека првата ликовна изложба во денешна Македонија е остварена во длечната 1915 година. И оваа како и досегашните се реализира со поддршка на Општина Битола.
Ликовната сцена во Битола, нејзината еманација во ДЛУБ, уметничката свест на битолската публика не се акциденцијални изливи туку аналогни манифестации на надградби и бонификации на еден ликовен феномен со исклучителен историцизам и нагласена автентичност. Ликовниот живот на Битола е интегрален дел од нејзината историја а изложбите како оваа овозможуваат разбистрување на визурата за нејзината иднина преку уметноста, изјави Филип Иванишевиќ, историчар на уметност.
Учесници на изложбата:Ване Костуранов, Татјана Манева, Тони Попов, Владимир Младеновски, Димитар Димитров, Синиша Кашавелски, Петар Кирановски, Панде Петровски, Славица Михаилова, Роберт Михајловски, Дејан Макариовски, Елена Ѓорѓиевска, Стефан Малбашиќ, Бојана Артиновска Трпческа, Љубица М.Солак, Слободан Рајчевски, Стефан Анчевски, Оливера Лазаревска – Оља, Динко Ненов, Александар Поповски, Душан Шешиќ, Вангел Крстиновски, Илија Маџаров, Васко Ѓоргиев, Сашо Блажески
Гости на изложбата: Боро Арсов, Zana Vossou, Alkiviadis Vosdou, Јане Крстески, Бојана Тошевска.
Во чест на почитуваниот ликовен уметник Илија Кочовски, плакатот е изработен со репродукција од негово дело.


1016