Бојана Артиновска Трпческа ја доби 4 ноемвриската награда на ДЛУБ
Бојана Артиновска Трпческа ќе организира самостојна изложба во текот на следната година. Тоа е награда од Друштвото на ликовни уметници од Битола (ДЛУБ) што традиционално се доделува на изложбата по повод 4-ти Ноември.
ДЛУБ годинава и додели признание на Лилјана Христова, историчар на уметност, за особен придонес, за развој на ликовната уметност и нејзина афирмација на битолската и македонската ликовна сцена во земјата и во странство, за високиот професионализам и континуираната ангажираност како историчар на уметност и организатор на бројни изложби.
Годинава, членови на комисијата за наградата беа Лилјана Христова, Панде Петровски и Александар Поповски . На изложбата се обратија претседателката на ДЛУБ Нела Петровска, ликовниот критичар Лилјана Христова и уметникот Панде Петровски.
Извор: Општина Битола/ фото: Општина Битола и ФБ на Бојана