April 16, 2024

Земјотрес во Италија со јачина од 5,7 по Рихтер

Италија , ама и Словенија, Хрватска и Босна и Херцговина, Сан Марино и Ватикан утрово се разбудија со силен земјотрес. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) два силни земјотреси во исто време се почувствале околу 7часот во различни области на регионот Марка, во Италија. Засега нема информации за жртви, граѓаните пријавувале само материјалн штета предизвикана на фасадите од зградите.
Епицентарот на земјотресот е лоциран во морето меѓу Анкона и Римини,на длабочина од 10 километри, а тој почувствуван во централна Италија бил со магнитуда од 5,7 степеи по Рихтеровата скала. Во Хрватска, Слоенија и БиХ потресот бил со јачина од 3,1 до 3,4 степени по Рихтер.

Веднаш по земјотресот, социјалните мрежи се преполнија со видеа од реакцијата на жителите на Римини и Анкона.

https://publish.twitter.com/?query=https%3A%2F%2Ftwitter.com%2FMFerraglioni%2Fstatus%2F1590253702245322753&widget=Tweet


1021