Топ моделот Катарина Ивановска со нов имиџ
Македонскиот топ модел со интернационална кариера, Катарина Ивановска по подолго време се реши да го промени имиџот, односно фризурата.
Таа е препознтлива по природниот изглед кој го негува и го бараат светските модни писти, а ако се водиме по светските тенденции по правилата на Катарина, тогаш „ин“ е изгледот на филмската и модна икона Одри Хепберн. Иако не и е во пракса да објавува приватни фотографии кои не се дел од нејзините ангажмани, овој пат направи преседан, па сподели разни кадри од себе со новата Одри фризура со шишки.
