Бомгартнер и Граф одбија да ги коментираат Јотова и Прванов

На денешната комеморација за преку 13.000 знајни и незнајни војници кои животите ги положија на битолско тло, амбасадорите на Франција и Германија во Македонија ги запрашавме дали сметаат оти Првата и Втората светска војна биле праведни војни. Притоа побаравме коментар на изјавата на поранешиот бугарски претседател Прванов дадена на бугарските воени гробишта во Цапари, дека војните што ги водела бугарскaта армија секогаш биле праведни војни.
Со тон на почит кон луѓето кои се чествуваат на денешен ден одговори Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и ни рече : „Денеска ние сме тука и се поклонуваме, им оддаваме почит на војниците од смртоносните војни кои толку не погодија сите нас во минатото и јас не би си дозволил на овој ден на почит и чествување да давам изјави кои се во поинаков контекст. “
Со идентично почитување на загинатите во далечната војна и вршителот на должност амбасадор на Германија Ото Граф ни одговори: „Денес сме тука да оддадеме почит на сите паднати во Првата светска војна . Сите тие имале фамилии, мајки, деца, пријатели. Тука не сме за да процениме кој каква војна водел. Ние сме тука за да оддадеме почит на сите паднати од Првата Светска Војна. “
Поранешниот бугарски претстедател Георги Прванов одбележувајќи ја есенската Задушница на бугарските воени гробишта во селото Цапари пред присутните изјави дека војните што ги водела бугарската армија се праведни војни, војни за ослободување на нивните сонародници и обединување во една национална држава. Актуелната заменичка претседател на Бугарија Јотова пак посочи дека бугарските војници во војната се бореле за ослободување на сите Бугари за обединувањето на Бугарија. А и двајцата од Цапари и се заблагодарија на државата РСМакедонија за одржувањето на бугарските воени гробишта.
Од 1923 година Франција кога се обликувани француските воени гробишта во Битола се оддава почит на војниците од првата Светска војна. По 1 век од примирјето , во 2018 година на ова одбележување се прилучи и Германија, како знак на помирување и заедништво за во добра иднина. Бугарија ретко учествува во заедничкото потсетување на политиките на државите од минатото.


1098

Задолжително

Verified by MonsterInsights