April 19, 2024

КОНЦЕРТ НА БИТОЛСКИОТ СИМФОНИСКИ ОРКЕСТАР

Синоќа, во салата на Народниот театар во Битола, се одржа уште еден музички настан во рамките на Програмата за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.

Пред публиката, по повеќе од една деценија, настапи Битолскиот симфониски оркестар. На програмата беа изведени дела од Бетовен, Шуберт, Хајдн и Елгар, а покрај битолските музичари, оркестарот беше надополнет со изведувачи од Србија. Како солист на виолончело настапи Милтијадис Касарас од Грција.

На концертот присуствуваше градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, како и генералниот конзул на Република Грција во Битола, Александрос Видурис.


1016