Ирена Петрова – Лола го прмовира спотот за новата песна ‘Недостижна за тебе’
Актрактивната фолк пејачка Ирена Петрова – Лола недамна снимаше видеозапис за нејзината авторска песна ”Недостижна за тебе”, која ја отпеја на Тумба фест. Автори на оваа песна се текст: Орце Зафировски, музика и аранжман: Цане Петров. Спотот се снимаше на неколку локации во Охрид и во Австралија. Видеото го работеше ИН Продукција, а својата премиера ја имаше на Сателитската ИН ТВ.

Таа, за песната ”Љубовта трае само миг”, која ја испеа во дует со Игор Нејков на Охрид ‘Фест, доби награда за најдобар дебитант.

Ирена Петрова – Лола е чест гостин во музичките емисии на македонските телевизии, а живи настапи има низ цела Македонија. Нејзината музичка кариера започнала во Австралија, каде живеела и настапувала десеттина години. Исто така, во Австралија била организатор и учесник на забави на кои освен неа, пееле македонски, но и познати екс ју звезди, како Џеј Рамадановски, Јасмин Мухаремович, Црни и други.
