Во Општина Македонски Брод, во организација на Домот за култура се одржа 15 по ред костенијада – Златен костен

Манифестацијата вообичаено започнува со дефиле на учесниците кон плоштадот на градот, а духот и доброто расположение кај присутните го подигна веселата народна песна од локалниот КУД „7 –ми Септември“. Програмата со свое учество ја збогатија и КУД „Бисер“ Кичево, фолклорниот ансамбл „Цветови“ од Радовишко. КУД „Брвеница“, пејачката група на Нико Пусоски- Кичево, „Езгија“ – Струга.Манифестациајта „Костенијада“ е во функција на промоција на костенот , надалеку познат плод од Поречието (Поречки костен) кој што е баран на пазарите не само во Македонија туку и во соседните држави. Па така од вчера во Македонски Брод се местеа маси и штандови за промоција и продажба на костенот, печен и варен, а денеска можеа да се вкусат и колачи, торти и други деликатеси во чиј состав има костен.
Манифестацијатаа своите корени ја има во македонските обичајни есенски и предзимски ритуали,кои ги означуваат македонските древни верувања за обезбедување богат род од земјоделските култури и природата.
Манифестациајта започна вчера со концерти на музички групи со музика од разлни жанрови, а за крај на овогодишната манифестција Златен костен предвидена е групата „Силви Бенд“.





