April 19, 2024

Во Старавина пронајдени неексплодирани гранати од првата Светска војна

Додека Битола со големите сили од Првата светска војна го одбележува крајот на војната и големото европско помирување направено 1 век по потпишувањето на мировниот договор , од Дирекцијата за заштита и спасување сеуште откопуваат и транспортираат неексплодирани бомби од таа војна.
Денес македонските медиуми ја пренесуваат информацијата дека во атарот на селото Старавина биле пронајдени 837 стари неексплодирани бомби од Првата светска војна. Според соопштението на МВР СВР ПС Битола што го пренесуваат, за бомбите било пријавено завчера, а интервенцијата на експертите од Дирекцијата се реализирала во текот на вчерашниот ден. Бомбите биле подигнати од пиротехничар и транспортирани за натамошно постапување.

Bitola under snow – January 1917 – Panoramic photo taken from Bitola Clock Tower – view toward south. On the first building (still existing today – “Stopanska Banka Bitola”) can be seen effects of the bombing of the city.


Битолчани , а веројатно и жителите од соседниот грчки град Лерин( Флорина гр.) воопшто не се изненадени што ги пронаоѓаати ваквит бомби . И двата града се наоѓаат долж Македонскиот ( Солунскиот фронт) од Првата светска војна, а битките за освојување на котите на планините околу битолско и леринско поле во 1916 и 1917 се токму историското сеќавање што секоја година се одбележува кај воените гробници на учесниците во Првата светска Војна. Од ноември 2016 до март 2017 кога војските на Централните сили конечно воспоставија контрола на територијата , населението на Битола и Лерин ( Флорина гр.) се најде на средина помеѓу двете завојувани страни. Територијата , особено Битола била секојдневно бомбрдирана со најразлични видови на експлозивни напави од топови и воздушни напади. Оттука, тогаш Битола го добива и името „Втор Верден“ или „град страдалник“.

Извор фото : https://www.culture.gouv.fr


1019