April 20, 2024

Градоначалникот Коњановски до премиерот Ковачевски: до каде е тендерот за пречистителната станица?

„Зошто уште нема топлификација? Зошто процесот на гасификација е таму каде што е? Од наша страна се е спремно во делот надлежости на Локалната самоуправа. И , ДО КАДЕ Е ТЕНДЕРОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА, НАЈГОЛЕМИОТ ПРОЕКТ КОЈ ОПШТИНА БИТОЛА ТРЕБА ДА ГО ДОБИЕ? “
Отчетот за сработеното по едногодишното управување со Битола од градоначалникот Д-р Тони Коњановски и мнозинската советничка група на ВМРО-ДПМНЕ предизвика серија широки, долготрајни дискусии од страна на опозициската советничка група на СДСМ што на 19-та седница на Советот заврши со советнички прашања. Дискусијата опфати период од 2005 до 2021, а прашањата упатени до градоначалникот пропратени со обвинувања за неработење вклучија и теми кои се во директна надлежност на централната власт предводена од СДСМ.
„Таму кадешто има ингеренции централната власт одговорите ќе треба почитувани да ги побарате од Димитар Ковачевски“ , изјави Д-р Коњановски за советниците од опозициската СДСМ. Топлификација. Гасификација. Образование.
„И може да го прашате зошто насреде енергетска криза, наместо да им се помага на општините им се одмага? Па сме прогласени за криминалци затоа што штедиме. Гледајќи дека не доаѓа спас од централната власт веќе подготвуваме проектна документација за поставувања на фотоволтаици на јавните објекти и енергетски фасади, училишта и други објекти.“


Со пречистителната станица за отпадни води во Битола треба да се опфатат фекалиите од Битола и околните населени места, кои во моментов непрочистени се испуштаат во реката Драгор и Петтиот канал. Се работи за проект финансиран од ИПА 2 Програмата на ЕУ е вреден 27,8 милиони евра за кој одговорно е Министерството за животна средина и просторно планирање. Непосредно пред локалните избори во 2021 година Министерството информираше дека прави ревизија на тендерската документација, а веднаш по изборите, дека спроведува тендер. Но, оттогаш наваму, нема ниту избран изведувач, ниту избран надзор, ниту пак квалитетна информација за текот на постапките.
Студијата за оцена на влијанието врз животна средина Проект за изградба на колекторски систем, рехабилитација на канализациона мрежа и изградба на пречистителна станица за отпадни води во Битола изработена е во октомври 2016 година. Шест години подоцна, состојбата е иста. Нема пречистителна станица.


1022