НЕДЕЛАВА, АКО НЕ ПРОЧИТАВТЕ ВО ТЕКОТ НА НЕДЕЛАТА :

Владата и ДИК изгубија на суд од лица со попреченост кои не гласале, не смее да ги ставаат во категорија болни и немоќни и на гласачките места мора да им изградат лифтови и рачни шини
Од sdk.mk
Граѓанскиот суд Скопје на Владата и ДИК им наложи за следните избори за лицата со попреченост на гласачките места да постават и кутии на помала висина… Ги дискриминирале со тоа што на многу лица во инвалидска количка, со други помагала за движење, потоа на слепи и лица со други видови физичка и ментална попреченост, не им овозможиле пристап и услови за гласање, со што ги лишиле од тоа уставно загарантирано право…
Нинџа го тужи Стоилковски бидејќи му предизвикал чувство на загрозеност и страв
Од Fokus.мк

…Нинџа во тужбата наведува дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во јавните настапи му ја загрозиле безбeдноста и му предизвикале страв, а капак на се била изјавата на портпаролот Стоилковски: -Лицето Александар Василевски доби ослободување од страна на Пендаровски за лажните сведочења за случајот „27 април“ каде луѓето кои лежат 211 години се осудени врз основа на негова лажна изјава, а тој се договара со Заев и Маричиќ да биде помилуван…рекол Стоилковски.
Ковачевски: Со владина поддршка го вративме сјајот на Домот на култура во Прдејци
Од 24info.mk

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска го посети реконструираниот Дом на култура во Прдејци, Општина Гевгелија. Овој објект е реконструиран со средства од владините проекти на ТАВ кои се насочени исклучиво кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните во локалните заедници. „Објектот кој денеска го посетив овде во Прдејци има исклучително значење за една локална заедница, затоа што ваквите објекти како овој Дом на културата кој беше целосно реновиран со владини средства од проектите на ТАВ, претставуваат споменици кои го чуваат наследството и во кои е впишан значаен дел од историјата со години наназад. Впрочем, смислата на вложување во културата треба да се бара во градењето општество во кое сите подеднакво ќе учествуваат во создавањето на културните вредности и сите ќе имаат пристап до нив како консументи….”
Левица поднесе коригирано предлог референдумско прашање до Џафери
Од 24.mk

Пратеникот и претседател на „Левица“ Димитар Апасиев поднесе коригирано предлог референдумско прашање до претседателот на парламентот Талат Џафери за деловничко усогласување на првично поднесената иницијатива за распишување референдум за францускиот предлог.
Собранието за граѓаните – а граѓаните не сакаат ни да слушнат за пратениците
Од 21.мк

Завршниот настан од кампањата Собранието за граѓаните кој се одржа во паркот Жена борец измина без граѓаните. Иако самата идеја беше пратениците да имаат поблизок контакт со граѓаните, тие го заобиколуваа настанот. „Пратениците 120 колку што се, работат за себе за народот не работат. Дел од пратениците се тука…. Ги гледам, ги гледам, и да им го кажам, џабе ќе биде тоа“. (од анкетата на тв 21)
Tрагичната судбина на работникот од најпознатата југословенска банкнота
Од Vecer .

Ариф Хералиќ, еден од најдобрите леари на железарницата во Зеница, и човекот од најпознатата југословенска банкнота од 1.000 динари, почнал да се менува во моментот кога станал свесен дека неговата фотографија секојдневно ја држат во рацете милиони луѓе. Индекс.хр во соработка со Југопапир донесува приказна за него од 1967 година. ( што кај нас ја пренесе Вечер.)
ДАЛИ НЕКОЈ СЕ ШЕГУВА СО МЕНЕ? Вучиќ во Париз храбро преживеа пад на рефлектор до него (ВИДЕО)
Од plusinfo.mk

Врз српскиот претседател Александар Вучиќ за малку ќе се срушеше рефлектор додека дава изјава. -За малку ќе ме удреше – рече Вучиќ и додаде дека не се ни помрднал.


1089

Задолжително

Verified by MonsterInsights