Дали Оливера Нечаковска ќе биде новиот шеф јавен обвинител во Битола?

Одложената седницата за именување на обвинителот за гонење на организиран криминал и изборот и именување на двајца виши и петмина основни јавни обвинители ги бранува македонските обвинители, судии, адвокати и криминалци.
Според огласот за кандидати за високите функции во основните и вишите јавни обвинителства објавен на крајот од септември оваа година, за обвинител да биде избран за раководител на соодветното обвинителство потребни се 8 години непрекинат обвинителски стаж за вишиот и 6 за основниот јавен обвинител. И , според овој услов, само Оливера Нечаковска е соодветен кандидат од листата битолски обвинители.
Имено во Битола, според актуелната интернет страница на Основното јавно обвинителство има се на се четворица обвинители. Оливера Нечаковска, Благој Димовски и Ирена Атанасовска кои постапуваат по предмети и претседателката Лилијана Талевска којашто досега не се вклучуваше во постапувањето по предметите пред судот, а повеќе беше ангажирана околу организацијата на работата. На претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски му мирува местото заради извршувањето на повисоката фукција, а сите други досегашни обвинители се пензионираа.
Тројцата обвинители се со завршена Академија за судии и обвинители , но само Нечаковска го има потребниот стаж од 6 години непрекината работа во обвинителството. Досегашната шефица на битолското јавно обвинителство Талевска , според претпоставките и гласините едвај чекала да се пензионира.

фото: jorm.gov.mk

До објавувањето на оваа вест немаме повратна информација од Јолевски за тоа колку кандидати се пријавиле за оваа позиција. Според македонското законодавство кандидат може да биде секој од македонските обвинителства што го исполнува условот од 6 годишен обвинителски стаж. За избор на шеф на основно јавно обвинителство потребно е мнозинство на гласови од членовите на Советот на јавни обвинители , а за места каде 20% од населението зборуваат друг јазик се применува и правилото на Бадентер.


1433

Задолжително

Verified by MonsterInsights